Јонски Брег

Како еден од најубавите брегови на медитеранот, Јонскиот брег претставува незаменлив бисер во герданот на морските убавини кои ги нудат двете блиски мориња. Веќе доволно познат на македонскиот паза, Јонскиот брег со својата неицрпна понуда, секоја година не иницира да откриеме уште некое ново место кое ќе го привлече вашето внимание. Ако се потсетиме на предходните понуди, тука е секако незаменливата и монденска Парга. Но сепак и покрај тоа, оваа сезона сосема оправдано, кон неа ќе ја додадеме и блиската Сивота. Пред се’ сакајќи да го зголемиме вашиот избор, а притоа воедно и да ја истакнеме природната убавина, на овој по многу што единствен морски регион.