За нас

ДИСКАВЕРИ ИНФО ТРАВЕЛ ЦЕНТАР е основана во Јануари 2015 година и е организирана и работно поставена како отворена, флексибилна и развојна во работниот систем во областа на туризмот. Основната работна развојна стратегија се одликува врз основа на искуствата на модерниот европски и светски туризам, кој ги следи потребите на современиот човек да ја сочува и развива својата работна способност да го запознае светот околу себе, други земји, народи и луѓе, неговите обичаи, вредности и начин на живеење.

Нашата цел е да се доближиме до луѓето што ги користат нашите услуги, пријателски расположени, но професионално подготвени.

Во нашaта понудa  можете да најдете  летни и зимски патувања, далечни дестинации, хотелско сместување , авио билети и патнички осигурувања.

И за крај со гордост  ви ја претставуваме нашата  Клуб Картичка за Попусти  DISCOVERY  со која што може да добиете неверојатни  попусти насекаде низ  Грција и Македонија !

 

Со почит

Дискавери инфо травел центар