ЛЕФКАДА PARTY TRIP

АРАНЖМАН: 10 дена/9ноќи – 8 дена / 7 ноќи| Автобуски превоз | сместување: приватни вили

 

 

Го нарекуваат островот на зајдисонцата. Популарен поради нескротената убавина на плажите и планинските предели. Легендата за името вели дека е добиено според најјужниот рид Лефкада, каде од стрмните, бели карпи својот живот го завршувале оние што не можеле да ја издржат болката предизвикана од љубовта. Најживописен од островите кои припаѓаат на групата Јонски острови во источна Грција, Лефкада се карактеризира главно со карпест и ридест предел. Северно се наоѓа Крф, а јужно Кефалонија и Итака. Вкупната површина на островот е преку 300 km², а највисоката точка на островот е планината Ставрота, која се издига до 1.158 метри надморска височина. Единствен остров кој е одвоен од копното со проток, широк околу 2 km, но споен со мост. Западниот брег е познат по плажите како Порто Кацики и Егремни кои се специфични поради мазните карпи и тиркизната вода. Источниот брег пак го разубавуваат традиционални села и приморското летувалиште Нидри.

 

 

Опис и Програма

 

1ДЕН Состанок на групата во 22:00 часот на паркингот наспроти хотел Холидеј Ин. Поаѓање во 22:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за гранични и царински формалности.

 

2ДЕН Пристигнување на Лефкада во пладневните часови. Сместување во вилите после 14.00 часот. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

3ДЕН Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

4ДЕН Крстарење по 7 јонски острови. Поаѓање од пристаништето во Нидри во 09.00 часот. Се крстари по брегот на Лефкас до првата станица, плажата Егремни каде што имаме слободно време за пливање и сончање. Да, тоа е долгата плажа од сите популарни импресивни слики со блескаво бел песок и тиркизна вода. Следното застанување е на Порто Кацики, уште една во листата најубави плажи во Европа. Егзотична и со изразито чиста вода. Целото искуство се збогатува со посетата на Фискардо, Кефалонија. Плажата која што се смета за дијамант на Јонското море. „ Кога ќе излезеш на патувањето за Итака, да се молиш долг да е патот, полн доживувања, полн сознанија.“ Ваквиот опис најден во реовите на многу поети, зборува доволно за ова место. И токму тука е нашата следна станица каде што имаме слободно време за ручек и шопинг. Познатата пештерата во Меганиси која е и втора најголема во Грција, е прекрасно место за фотографирање. Во попладневните часови уживаме во водите на приватниот остров Скорпиос. Овој остров е познат и по венчавката на Аристотел Оназис и Џеки Кенеди. Наоколу се гледаат и другите острови од групата на Scorpidi Sparti и Madouri. Враќање во Нидри во попладневните часови.

 

5ДЕН Полудневна ФАКУЛТАТИВНА посета на Агиос Никитас. Враќање во Нидри / Никиана. Вечерта White Party Cruise Припремете се за забава на брод. Испловување во 20:00часот. Пловидба 45мин. за загревање со звуците од сетовите на светски Дј-и и welcome drink. Забавата продолжува на дива плажа, музиката и атмосферата се пожешки, а на тоа има влијание и неверојатниот огномет. Така што логично е да следи пливање под ѕвездите. Се враќаме на бродот и продолжуваме со уште 2 часовна журка на вода. Дрес код: бело, бело, бело… Враќање во Нидри (трансфер до Никиана). Ноќевање.

 

6ДЕН Ден за паметење на Катизма

Катизма е една од најдолгите и најубавите плажи на Лефкада. И покрај туристичката популарност на местото, овде плажата поседува идиличен планински пејзаж во позадина, што дава чувство на комплетна изолираност. Тука е и популарниот beach bar Copla. Враќање во Нидри. Слободно време за одмор. Вечерта Факултативно – можност за посета на Лефкас и Ноќен клуб. Вечерната прошетка во градот ни нуди неколку атракции како и доволно уникатни кафулиња за загревање пред долгата ноќ во клубот Карма. За изгледот, локацијата, атмосферата, музиката и искуствата доживеани во Карма, ќе најдете само пофални зборови, каде и да побарате. Враќање во Нидри и Никиана. Ноќевање.

 

7ДЕН Слободно претпладне. Предлагаме прошетка до водопадите крај Нидри ( кои се наоѓаат на 3км позади Нидри). Ноќевање.

 

8ДЕН Крстарење на 3 плажи – ФАКУЛТАТИВНО (испловување во 09.30часот од пристаништето во Нидри)

Крстарење со посета на плажите:

Егремни – Љубителите на плажата со драматични зајдисонца, мораат да поминат 347 скали гушнати во карпа со висина од 150м, доколку патуваат со кола. Затоа ние само ќе се паркираме директно на белиот песок. 😉

Порто Кацики – повторно плажа со дива убавина, која името го добива заради својата недостапност.

Агиофили – Се наоѓа во близина на местото Василики, мала песочна плажа која нуди вистинско релаксирање, а водата е кристално чиста.

 

9ДЕН Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

10ДЕН Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

11ДЕН Напуштање на вилите до 09:00 часот (по локално време). Заминување за Скопје околу 14:00 часот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

 

 

ТЕРМИНИ: ЦЕНА на аранжманот:

23.06-30.06.2017 – 7 ноќевања 164 евра по лице

01.09-08.09.2017 – 7 ноќевања 144 евра по лице

09.07-18.07.2017 – 9 ноќевања 249 евра по лице

18.07-27.07.2017 – 9 ноќевања 269 евра по лице

23.08-01.09.2017 – 9 ноќевања 254 евра по лице

 

 

 

Аранжманот вклучува:

– 9 / 7  ноќевања во приватни вили

– Автобуски превоз

– Крстарење по 7 острови

– White party – ноќно крстарење (забава со welcome drink)

– Превоз за еднодневен излет на плажа Катизма

– Пратител на патувањето

 

Аранжманот не вклучува:

– Крстарење на Порто Кацики и Егремни

– Излет до Агиос Никитас

– Патничко осигурување

– Доплата за Хендлинг 1 евро од ден по патник (620мкд).

 

Напомени:

– За сопствен превоз не се одбива од цената на аранжманот !!!

– Задолжително патничко осигурување

МОЖЕ ДА ИМА ПРОМЕНА ВО РАСПОРЕДОТ НА ИЗЛЕТИТЕ ВО ЗАВИСНОСТ ОД СЛОБОДНИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА БРОДОВИТЕ, ДИСКОТЕКИТЕ И СЛ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *