КЛУБ КАРТИЧКА ”DISCOVERY,, ЗА САМО 299 ДЕНАРИ НАРАЧАЈТЕ ВЕДНАШ

Единствено само во Македонија Discovery клуб  картичка за попуст

Ја купувате еднаш и важи засекогаш . Без скриени трошоци.

 

Discovery клуб картичката ви овозможува попусти на сите туристички места во Грција , и со најнова понуда сега и во Македонија

Со купување на Discovery картичката за попуст вие станувате привилегиран член на Discovery info travel centre.

Сите понуди за Discovery клуб картичката може да ги следите на нашиот веб сајт  www.discovery.com.mk и нашата фан страна на Facebook – Discovery travel и да проверите на кое место и колку попуст имате со вашата картичка.

Добројдовте на Discovery info travel centre веб сајтот.

Со негово користење Вие се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате дополнителни прашања обратете ни се.

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА

Discovery info travel centre, го поседува и менаџира веб сајтот www.discovery.com.mk  и неговata мобилнa апликациja.

Со употреба на овој веб сајт и неговите услуги Вие (“Вие” или “крајниот корисник”) се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци (дефинирани подолу)

Се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да бидете во тек доколку истите претрпат измени.

Политиката за заштита на лични податоци заедно со овие Услови на употреба, збирно се нарекуваат Општи услови на употреба.  

 

1. За Discavery travel club картичка за попуст

Со купување на Discovery travel club картичката за попуст, Ви се овозможува користење на сите тековни и активни промоции и попусти на Discovery info travel centre и на неговите партнери/соработници.

Партнерите/соработници се сите продавачи и издавачи на крајните услуги кои се нудат преку Discovery info travel centre.

Единствено продавачот (партнерите/соработници) се одговорни пред Вас за квалитетот на услугите и производите кои ги нудат и продаваат.

Сите понуди и цени може да се променат во било кое време, без претходно известување.

2. Сопственост на веб сајтот на Discovery info travel centre

 Веб сајтот, целата содржина на сајтот и инфраструктурата која се користи за да го направи сајтот достапен се наша сопственост, на продавачите и на други даватели на услуги.

Со користење на овој веб сајт крајниот корисник се согласува со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст.

3. Пристап до веб сајтот

Discovery info travel centre  го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина.

 4. Употреба на веб сајтот

 Како предуслов на веб сајтот, Вие се согласувате дека:

  • Сте во можност да направите правна обврска
  • Не ви е законски забрането да користите одредени услуги или производи
  • Нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации
  • Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба
  • Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда
  • Ќе вршите купувања само за Ваша лична употреба или за подароци на пријатели
  • Ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот или дирекно кај овластените продавачи на Discovery travel club картичката за попуст.
  • Ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време
  • Ќе купувате само од понудите на Продавачите и било кое купување ќе биде предмет на Условите за купување, образложени подолу во овие Услови за употреба

5. Измена на Условите на користење

Discovery info travel centre  го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки.

Ако Discovery info travel centre прави било какви суштински промени, ние ќе ве известиме со испраќање на e-mail адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-сајтот.

Било какви промени на овие Услови на користење ќе стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-mail до Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот веб сајт.

Овие промени нема да важат за ваучери купени пред да стапи на сила датумот на ваквите промени.

Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на Употреба и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете информирани за било какви промени.

Секое користење на картичката за попуст и веб сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.

6. Вашата приватност

Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме внимателно да ја прегледате Политиката за заштита на лични податоци за да се информирате за важни правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци.

Нашата политика за заштита на приватност е содржана во овие Услови на употреба

 7. Услови на купување

Со купување или добивање на било која понуда на обезбедена од било кој Продавач, Вие се согласувате со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и Условите на купување.

Ваш Партнер              

ДИСКАВЕРИ инфо травел центар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *